Turbo air Lipari IX/LX/A прирачник

Упатство за употреба за Turbo air Lipari IX/LX/A во Англиски. Овој PDF прирачник има 128 страници.

Страница: 1
116 MK - Упатство за монтажа и ракување Придржувајте се строго до упатствата дадени во овој прирачник.. Ние одбиваме билокаква одговорност за билокаков проблем, штета или пожар предизвикан на апаратот како резултат на неследење на упатствата вклучени во овој прирачник. Аспираторот е наменет исклучиво за домашна употреба. Аспираторот може да се разликува по изгледот од сликите во ова упатство, но сепак упатствата за употреба, одржувањето и упатствата за инсталирање остануваат исти. ! Важно е да го зачувате ова упатство за да би можеле да го консултирате во било кој момент. Во случај на продажба, расходување или на преместување, нека остане заедно со производот. ! Прочитајте ги внимателно упатствата: Овде има важни информации за инсталирањето, за употребата и за безбедноста. ! Не вршете електрични или механички измени на производот или на издувните канали. ! Пред да почнете со монтирање на апаратот проверете да не се оштетени компонентите. Во спротивно, обратете се кај вашиот дистрибутер и не продолжувајте со монтирањето. Забелешка: Додатоците означени со симболот "(*)" се факултативен додатен прибор кои се вклучени само во неколку модели, а ако не се вклучени во моделот треба да се набават. Важни совети Предупредување! Да не го поврзувате апаратот со електричното напојување се додека монтажата не биде целосно комплетна. Пред билокаква операција за чистење или одржување, исклучете го аспираторот од електричната мрежа со вадење на струјниот приклучник или со исклучување на домашниот мрежен прекинувач. За сите операции за монтажа и одржување да се користат работни ракавици Овој апарат не е наменет за користење од страна на деца или лица со намалени физички, сензорни или ментални способности, или ако немаат искуство или знаење, доколку не се под надзор или се имаат обучувано за употреба на апаратот од лице одговорно за нивната безбедност. Треба да се внимава, децата да не си играат со уредот. Никогаш не користете го аспираторот ако ја немате правилно монтирано решетката! Аспираторот НИКОГАШ не смее да се користи како површина за поддршка доколку не е прецизно наведено. Просторијата мора да биде доволно проветрена кога кујнскиот аспиратор се користи заедно со апарати кои согоруваат гас или други горива. Издувниот воздух не смее да се предава во активен оџак за чад створен од апарати кои согоруваат гас или други горива. Строго се забранува фламбирање на храната под самиот аспиратор. Употребата на отворени пламени е штетна за филтрите и може да предизвика ризик од пожар и поради тоа мора да се избегнува во сите околности. Секое пржење мора грижливо да се направи со цел да се спречи да не дојде до презагревање на маслото и пламнување. Пристапните делови од аспираторот можат значително да се загреат кога се користи заедно уред за готвење. Што се однесува до техничките и безбедносните мерки за примена за исфрлање на пареа важно е внимателно да се следат правилата дадени од компетентните власти. Аспираторот мора редовно да се чисти како од внатрешноста така и од надворешноста (НАЈМАЛКУ ЕДНАШ МЕСЕЧНО, во секој случај потребно е да се постапува во согласност со упатствата за одржување дадени во овој прирачник). Ако не се следат упатствата во однос на аспираторот и чистењето на филтрите ќе доведе до ризик од пожари. Да не го користите или оставате аспираторот без правилно монтирани сијалици поради можниот ризик од електричен удар. Ние одбиваме билокаква одговорност за билокаков проблем, штета или пожар предизвикан на апаратот како резултат на неследење на упатствата вклучени во овој прирачник. Овој апарат е обележан согласно Европската директива 2002/96/EC за Искористена Електрична и Електронска Опрема (Waste Electrical and Electronic Equipment - WEEE). Со правилно отстранување на овој производ помагате да се спречат потенцијалните негативни последици за околината и здравјето на човекот, што инаку би се предизвикале од несоодветното третирање како отпадок на овој производ. Симболот прецртана канта за ѓубре на производот или на документите кои одат со производот, покажува дека тој апарат не смее да се третира како комунален отпад. Напротив би требало да се однесе до соодветното место за собирање за рециклирање на електрична и електронска опрема. Отстранувањето мора да се изврши во согласност со локалните прописи за животната средина за отстранување на отпаден материјал. За повеќе детаљни информации за третманот, поправањето и рециклирањето на овој производ Ве молиме контактирајте со Вашите локални власти, Вашата комунална служба или со продавницата од каде го имате купено производот. Апаратот е дизајниран, тестиран и произведен според: • Безбедност: EN/IEC (скр) 60335-1; EN/IEC(скр) 60335-2- 31, EN/IEC(скр) 62233. • Можности: EN/IEC (скр) 61591; ISO (скр) 5167-1; ISO (скр) 5167-3; ISO(скр) 5168; EN/IEC (скр) 60704-1; EN/IEC(скр) 60704-2-13; ISO (скр) 3741; EN (скр) 50564; IEC(скр) 62301.
Страница: 2
117 • EMC(скр): EN(скр) 55014-1; CISPR (скр) 14-1; EN(скр) 55014-2; CISPR (скр) 14-2; EN/IEC (скр) 61000-3-2; EN/IEC(скр) 61000-3-3. Предлози за исправна употреба за да се намали влијанието врз животната средина Уклучете го поклопниот аспиратор на минимална брзина на почеток на готвењето и оставете го да работи уште неколку минути по завршувањето на готвењето. Зголемете ја брзината само во случај на голема количина на чад и пареа и користете ја форсираната брзина во ретки ситуации. Заменете го филтерот (-рите)на активен јаглен кога е потребно да се задржи ефикасноста на намалување на мирис. Исчистете го филтерот за масти(- рите) кога е потребно да се задржи неговата ефикасност. Користете максимален дијаметар на изводниот систем прикажан во овој прирачник да се оптимизира ефикасноста и да се намали бучавата. Употреба Аспираторот може да се користи во вид со надворешно исфрлање на издувниот воздух или со филтер во вид со кружно струење на воздухот. Варијанта со всмукување Аспираторот има горен излез за воздух „B“ за исфрлување на пареите во надворешноста (не се доставени одводна цевка и каиши за фиксирање). Поврзете го аспираторот со цевките и отворите за издувување низ ѕид со дијаметар еднаков со излезот на воздухот (приклучна прирабница). Употребата на издувни цевки и отвори за издувување низ ѕид со помал дијаметар ќе предизвика намалување на брзината на всмукување и драстично зголемување на бучавата. Поради тоа се одбива билкокава одговорност које е последица на тоа. Внимание! Ако аспираторот е снабден со филтер на активен јаглен, истиот треба да се отстрани. Варијанта со филтрирање Во случај ако не е можно исфрлање на испарувањата и пареите од готвењето кон надворешноста, аспираторот може да се користи во варијанта со филтрирање со монтирање на филтер на активен јаглен и дефлекторот F на потпорниот држач G, испарувањата и пареите се прочистуваат преку горниот екстрактор H со помош на една цевка за одвод која е поврзана на горниот излез за воздух B и прстенот за поврзување монтиран на дефлекторот F (не се доставени одводна цевка и каиши за фиксирање). Внимание! Ако аспираторот не е снабден со филтер на јаглен, истиот треба да се нарача и да се монтира пред користење. Моделите без вентилатор работат само во варијанта со издувување на воздухот и треба да се поврзат со перифериски уред за издувување (не е доставен). Упатствата за поврзување се доставени со периферискиот уред за издувување. Монтажа Најмалото растојание помеѓу плочата од шпоретот за садовите за готвење и долниот раб на аспираторот да не биде помало од 50cm за електричните апарати за готвење и 65cm за гасните или комбинираните апарати за готвење. Ако упатството за монтажа за плинските плочи од шпоретот прецизираат поголемо растојание, морате да се придржувате до тоа. Приклучување на електрична енергија Главното струјно напојување мора да одговара со оптегот покажан на етикетата за карактеристиките ставена внатре во аспираторот. Ако аспираторот оди со приклучник поврзете го во штекерот во согласност со струјните прописи и позициониран на пристапно место дури и по монтажата. Ако не е снабден со приклучник (директна врска со електричното напојување) или ако приклучникот не е лоциран на пристапно место, дури и по монтажата, применете би-поларен прекинувач во согласност со стандардите кој обезбедува комплетно исклучување на електричното напојување под услови поврзани со преоптоварување на мрежата категорија III, во согласност со упатството за монтажа. Предупредување! Пред (повторно) поврзување на колото од аспираторот со електричното напојување и проверувањето на функционалноста, секогаш проверете дали струјниот кабел е правилно монтиран. Вградување Аспираторот се испорачува во две верзии: модел за на ѕид и модел за на таван (Остров). Пред да се почне со монтирањето: • Проверете дали купениот производ е со соодветни димензии за одбраниот простор за монтирање. • Извадете го/ги филтерот/-те на активен јаглен ако се доставени (види го и соодветниот параграф). Тој/тие се монтира/-ат само ако сака да се користи аспираторот во варијанта со филтрирање. • Проверете дали во внатрешноста на аспираторот (поради транспортот) нема материјал од опремата (на пример ќесиња со завртки и навртки, гаранции и др.), ако има извадете го и зачувајте го. • Ако е можно откачете го и тргнете го мебелот под и околу просторот за монтирање (ѕидот или таванот) на аспираторот за да се има подобра пристапност. Меѓу другото заштитете го мебелот и сите други работи колку што може подобро. Одберете рамна површина и покријте ја со заштита каде што потоа ќе го ставите аспираторот и деловите од опремата. • Проверете меѓу другото да во близина на просторот за монтирање на аспираторот (во простор кој е пристапен и со монтиран аспиратор) има на располагање електричен штекер и дека може да се поврзе на уред за исфрлување на пареите во надворешноста (само варијанта со всмукување). • Направете ги сите потребни ѕидарски работи (на пр.: поставување на штекер и/или отвор за поминување на
Страница: 3
118 одводната цевка). Аспираторот оди заедно со парчиња за прицврстување пригодни за поголемиот дел од ѕидови/тавани. И покрај тоа потребно е да побарате објаснување од квалификуван техничар за да ви потврди за прикладноста на материјалите според видот на ѕидот/таванот. Ѕидот/таванот треба да биде доволно цврст за да ја издржи тежината на аспираторот. Монтирање на модел за на таван (Остров) Сл. 5-6-7 1. Регулирајте го растегнувањето на рамката на аспираторот, од ова регулирање ќе зависи крајната висина на аспираторот. Забелешка: Во некои случаи горниот дел од телескопската рамка е фиксиран на долниот дел со 1 или повеќе завртки, евентуално проверете и извадете ги привремено за да овозможите регулирање на рамката. 2. Прицврстете ги двата дела од рамката со вкупно 16 завртки (4 по агол). Ставете на горниот дел, за растегнувања поголеми од минималното, 1 или 2 држачи (врз основа на тоа колку е предвидено во опремата) за зајакнување на истата. Забелешка: при транспорт 1 држач може да биде веќе привремено прицврстен со 2 завртки на телескопската рамка, евентуално преместете го во саканата позиција или довршете го прицврстувањето со 6 додатни завртки. За таа цел постапете на следниот начин: а. Благо продолжете ги држачите и прицврстете ги така за да можете да ги примените на надворешната страна од рамката. б. Позиционирајте го држачот за зајакнување веднаш над точката за фиксирање на двата дела од рамката и прицврстете со вкупно 8 завртки (2 по агол). Ако е доставен, фиксирајте го вториот држач за зајакнување на еднакво растојание помеѓу првиот држач за зајакнување и горната страна од телескопската рамка, прицврстете со 8 завртки (2 по агол). Забелешка: при позиционирањето и фиксирањето на држачот/-ите за зајакнување проверете да тие не пречат во лесно фиксирање на одводната цевка (верзија со всмукување) или на дефлекторот (верзија со филтрирање). 3. Прикачете го аспираторот на телескопската рамка, проверете за совршено прикачување - за прикачување на аспираторот на телескопската рамка навртете ги добро 16-те завртки (4 по агол). 4. Ставете го шаблонот за дупчење на таванот на вертикалата од плочата за готвење (средината на шаблонот треба да се поклопува со средината на плочата за готвење- страната на шаблонот со натписот FRONT (напред) се поклопува со страната на контролната табла). Направете го електричното поврзување. 5. Издупчете како што е наведено (6 дупки за 6 типли во ѕидот- 4 типли за прикачувањето), навртете 4 завртки во надворешните дупки оставајќи простор меѓу главата на завртката и таванот од околу 1 цм. 6. Прикачете ја телескопската рамка на таванот на 4-те завртки (види операција 4). 7. Цврсто навртете ги 4-те завртки. 8. Ставете ги и навртете ги цврсто другите 2 завртки на слободните дупки за сигурно прицврстување 9. Ставете одводна цевка во внатрешноста на телескопската рамка и поврзете ја на приклучниот прстен од отворот на моторот (не се доставени цевка и каиши за фиксирање). Одводната цевка треба да биде доволно долга за да ја достигне надворешноста (варијанта со всмукување) или дефлекторот F (варијанта со филтрирање). 10. Само за верзијата со филтрирање: монтирајте го дефлекторот F на телескопската рамка и прицврстете го со 4 завртки на држачот, поврзете ја за крај одводната цевка на прстенот за поврзување ставен на дефлекторот. 11. Поврзете на домашната електрична мрежа, електричната мрежа смее да се вклучи само ако монтажата е целосно завршена. 12. Ставете ги завртките доставени со навртки во внатрешноста на горната и долната лула од оџакот во согласност со правоаголните отвори, вкупно треба да бидат монтирани 14 завртки. 13. Спојте ги двата горни дела од оџакот за покривање на телескопската рамка така што отворите на деловите бидат ставени еден на истата страна од командната табла а другиот отвор на спротивната страна. Навртете ги двата дела со 8 завртки (4 по страна- види ја и нацрт шемата за спојување на двата дела). 14. Фиксирајте ја на телескопската рамка горната лула, во близина на таванот, со две завртки (една по страна). 15. Спојте ги двата долни дела од оџакот за покривање на телескопската рамка, користете 6 завртки (3 по страна - види ја и нацрт шемата за спојување на двата дела). 16. Вметнете ја долната лула во соодветното место за целосно покривање на отворот на моторот и на кутијата за електрично поврзување и фиксирајте со две завртки од внатрешната страна на аспираторот. 17. Ставете 2 обележја (доставени со опремата) за покривање на точките за фиксирање од одделите на долната лула (ВНИМАНИЕ! ОБЕЛЕЖЈАТА ЗА ДОЛНАТА ЛУЛА СЕ ПРЕПОЗНАВААТ БИДЕЈЌИ СЕ ПОТЕСНИ И СЕ ПОПЛИТКИ). Поголемите и подлабоките обележја се користат за горната лула, тие се сечат по мерка. 18. Вклучете ја електричната мрежа од централната електрична табла и проверете го правилното функционирање на аспираторот.
Страница: 4
119 Монтирање на модел за на ѕид Кога екранот за пареата е доставен расклопен, тој се прицврстува како на Сл. a, b. Кутијата за електрично поврзување се прицврстува како на Сл. c, d, e. Сл. 9 1. Направете со молив една линија на ѕидот, до таванот, која одговара на средишната линија, тоа ќе го олесни монтирањето. 2. Ставете го шаблонот за дупчење на ѕидот: средишната вертикална линија испечатена на шаблонот за дупчење треба да се поклопува со средишната линија нацртана на ѕидот, освен тоа долниот крај на шаблонот за дупчење треба да се поклопува со долниот крај на аспираторот. 3. Издупчете како што е прикажано на шаблонот, ставете ги типлите во ѕидот и навртете 2 завртки на горните дупки, оставајќи простор меѓу главата на завртката и ѕидот од околу 1цм. Забелешка: Обележете ги секогаш сите отвори кои се прикажани на шаблонот: двата горни отвори служат за да се прикачи аспираторот додека долните отвори (вообичаено еден централен или повеќе странични) служат за посигурно прицврстување. 4. Ставете го потпорниот држач за оџакот „G“ на ѕидот слепен со таванот, користете го потпорниот држач за оџакот како шаблон за дупчење (ако има, малиот даден отвор на држачот треба да се поклопи со линијата која е претходно трасирана на ѕидот) и да се обележат со моливот 2 отвора, направете ги дупките, ставете 2 типли. 5. Прицврстете го потпорниот држач за оџакот на ѕидот со 2 завртки. 6. Прикачете го аспираторот на 2-те горни завртки (види ја фазата за монтирање 3). 7. Ставете и навртете ги во долниот/-те отворот/-ите завртките (и шајбната/-ите!) за крајното фиксирање (ЗАДОЛЖИТЕЛНО!!), а потоа откако ќе ја проверите спремата на аспираторот, СТЕГНЕТЕ ГИ СИТЕ ЗАВРТКИ, долни и горни. Забелешка: горните точки за фиксирање се видливи со вадење на филтрите за мастите а се наоѓаат на страните и/или на средината од аспираторот (во вториот случај по вадењето на шасијата на филтерот на јаглен ако има). Во секој случај се советува да се користат, доколку ги има на располагање, страничните отвори за зголемување на стабилноста на аспираторот. 8. Поврзете цевка (не се доставени цевка и каиши за фиксирање) за исфрлање на пареите на прстенот за поврзување поставен над моторот за всмукување. Другиот крај од цевката треба да биде поврзан со уред за исфрлање на пареите кон надворешноста во случај на користење на аспираторот во варијанта со всмукување. Во случај ако сака да се користи аспираторот во варијанта со филтрирање, тогаш да се прицврсти на потпорниот држач за оџакот G дефлекторот F и да се поврзе другиот крај од цревото на прстенот за поврзување поставен на дефлекторот F. 9. Направете го електричното поврзување. 10. Ставете го оџакот и прицврстете го со 2 завртки (10a) на потпорниот држач за оџакот „G“ (10b). 11. Наведнете го долниот дел од оџакот за целосно затварање на комплетот за всмукување сè додека не се вметне во соодветното место над аспираторот. Ставете ја шасијата на филтерот на јаглен и филтерот/-те за масти и контролирајте го совршеното функционирање на аспираторот. Предупредување! Неуспехот да се монтираат шрафовите или уредот за фиксирање во согласност со овие инструкции може да доведе до електрични опасности. Предупредување! Неуспехот да се монтираат шрафовите или уредот за фиксирање во согласност со овие инструкции може да доведе до електрични опасности. Опис на аспираторот Сл. 1 1. Контролна табла 2. Филтер за масти 3. Забец за откопчување на филтерот за масти 4. Халогенска светилка 5. Екран за пареите 6. Телескопски оџак 7. Излез за воздухот (само за користење со варијанта со филтрирање) Функционирање Користете ја најголемата брзина во случај на невообичаена концентрација на пареи во кујната. Ви препорачуваме да го вклучите издувувањето 5 минути пред да започнете со готвењето и да го оставите да работи околу 15 минути по завршување на готвењето. Модел со контролна табла со 4 копчиња a. Прекинувач за вклучување/исклучување на светлото. b. Прекинувач за исклучување/брзина 1 c. Одбирање брзина 2 d. Одбирање брзина 3
Страница: 5
120 Модел со контролна табла со 5 копчиња a. Прекинувач за вклучување/исклучување на светлото. b. Прекинувач за исклучување на моторот c. Одбирање брзина 1 (во случај на многу пареа и чад) d. Одбирање брзина 2 (во случај на средна количина на пареа и чад) e. Одбирање брзина 3 (во случај на многу пареа и чад) Одржување Предупредување! Пред билокаква операција за чистење или одржување, исклучете го аспираторот од електричната мрежа со вадење на струјниот приклучник или со исклучување на домашниот мрежен прекинувач. Чистење Аспираторот мора редовно да се чисти (најмалку со истата фреквенција со која се врши одржувањето на филтерите за масти) како од внатрешноста така и од надворешноста. За чистењето користете крпа навлажнета со течни неутрални детергенти. Да не користите производи кои содржат абразиви. НЕ КОРИСТЕТЕ АЛКОХОЛ! Предупредување! Ако не се следат упатствата во однос на чистењето на аспираторот и замената на филтрите ќе доведе до ризик од пожари. Се препорачува до придржување на предложените упатства. Ние одбиваме билокаква одговорност за евентуални оштетувања на моторот или пожар предизвикан како резултат на неправилно одржување или неследење на наведените упатствата. Филтер за масти За собирање на масните состојки од пареата од готвењето. Металниот филтер за масти треба да се чисти еднаш месечно со неагресивни детергенти, рачно или во машина за миење на садови на ниски температури и во краток интервал. Со перењето во машина за миење на садови металниот филтер за масти може да ја изгуби малку бојата но неговите карактеристики за филтрирање воопшто не се менуваат. За да го извадите филтерот за масти повлечете го забецот за откопчување. Бр. 2 Филтер со активен јаглен (Само за Варијанта со филтрирање) Сл. 3 За собирање на непријатните мириси од пареата од готвењето . Филтерот со јаглен може да се пере на секои два месеци во топла вода и прикладни детергенти или во машина за миење садови на 65°C (во случај на перење во машина за миење садови да се направи комплетен циклус на перење без садови во внатрешноста ). Истиснете го вишокот вода без да го уништите филтерот, потоа извадете го перничето ставено во внатрешноста на шасијата од пластика и ставете го во печката 10 минути на 100°C за целосно сушење. Заменете го перничето на секои 3 години и секогаш кога платното е оштетено. Отстранете ја рамка за филтерот со вртење рачките (g) 90° која го прицврстува оџакот на аспираторот. Вметнете ја рампа (i) од активен јаглен во рамката (h) и се вметнете ги назад во нејзиното лежиште (ѕ). Можно е да користите некој типичен филтер за јаглерод, кој ниту се пере ниту пак може да се обнови и треба да се менува на секои 3-4 месеци. Носачката рамка на филтерот за јаглерод е заварена, додека дополнителната рамка која доаѓа со аспираторот не е. Вметнете ја рамката во нејзиното лежиште и прицврстете ја со помош на вртење на 2 пластични рачки. Замена на сијалиците Исклучете го уредот од струјното напојување. Предупредување! Пред да ги допрете сијаличките проверете дали се изладени. Заменете ја оштетената сијалица со ист таков тип како што е наведено на етикетата за карактеристиките или близу самата сијалица на аспираторот. Сл. 4 1. Извадете ја плафонката кревајќи ја со мал штрафцигер или сличен прибор. 2. Заменете ја оштетената сијалица. Користете само халогенски сијалици од 12V -20W max - G4, имајќи во предвид да не ги допирате со рацете. 3. Затворете ја плафонката (фиксирање со опруга). Ако осветлението не работи, пред да повикате техничка помош, проверете дали сијалиците се добро ставени.

Прашање и одговори

Имате прашање за Turbo air Lipari IX/LX/A но не можете да го најдете одговорот во упатството за употреба? Можеби корисниците на ManualsCat.com можат да Ви помогнат да одговорите на Вашето прашање. Со пополнување на формуларот подолу, Вашето прашање ќе се појави под прирачникот за Turbo air Lipari IX/LX/A. Ве молиме погрижете се да го опишете Вашиот проблем со Turbo air Lipari IX/LX/A колку што можете поточно. Колку поточно е Вашето прашање, толку поголеми се шансите брзо да добиете одговор од друг корисник. Кога некој ќе одговори на Вашето прашање, ќе бидете автоматски известени со е-пошта.

Постави прашање за Turbo air Lipari IX/LX/A

Име
Е-пошта
Одговор

Погледнете го прирачникот за Turbo air Lipari IX/LX/A подолу. Сите прирачници на ManualsCat.com може да се прегледаат потполно бесплатно. Со копчето „Изберете јазик“, можете да го изберете јазикот на прирачникот што сакате да го видите.

  • Марка: Turbo air
  • Производ: Аспиратори
  • Модел / име: Lipari IX/LX/A
  • Вид на документ: PDF
  • Достапни јазици: Англиски, Германски, Француски, Шпански, Италијански, Шведски, Португалски, Полски, Руски, Фински, Романија, Словачка, Унгарски, Словен., Хрватски, Украина., Арапски, Латвијан, Литвански, Естонски, Македонец