Galaxy Watch 4 прирачник
Samsung Galaxy Watch 4 прирачник

Упатство за употреба за Samsung Galaxy Watch 4 во Шпански. Овој PDF прирачник има 616 страници.

PDF 616 1.1mb
Samsung Galaxy Watch 4 прирачник
Претходна страница

Погледнете го прирачникот за Samsung Galaxy Watch 4 подолу. Сите прирачници на ManualsCat.com може да се прегледаат потполно бесплатно. Со копчето „Изберете јазик“, можете да го изберете јазикот на прирачникот што сакате да го видите.

MANUALSCAT | MK

Прашање и одговори

Имате прашање за Samsung Galaxy Watch 4 но не можете да го најдете одговорот во упатството за употреба? Можеби корисниците на ManualsCat.com можат да Ви помогнат да одговорите на Вашето прашање. Со пополнување на формуларот подолу, Вашето прашање ќе се појави под прирачникот за Samsung Galaxy Watch 4. Ве молиме погрижете се да го опишете Вашиот проблем со Samsung Galaxy Watch 4 колку што можете поточно. Колку поточно е Вашето прашање, толку поголеми се шансите брзо да добиете одговор од друг корисник. Кога некој ќе одговори на Вашето прашање, ќе бидете автоматски известени со е-пошта.

Постави прашање за Samsung Galaxy Watch 4

Страница: 1
Македонски 362 Информации за безбедност Пред да го користите уредот, Ве молиме прочитајте ги овие важни информации за безбедност. Тоа се општи информации за безбедност за уреди и може да вклучуваат содржина што не важи за Вашиот уред. Следете ги информациите за предупредување и информациите за внимание за да спречите лична повреда или повреда на други и за да спречите оштетување на Вашиот уред. Изразот „уред“ се однесува на производот и неговата батерија, полнач, деловите испорачани со мобилниот уред и сите додатоци одобрени од Samsung што се користат со производот. Предупредување Доколку не се придржувате до безбедносните предупредувања и прописи, може да настанат сериозни повреди или смрт Вашиот уред содржи магнети. Држете го уредот на безбедно растојание од предмети што се чувствителни на магнети, како на пример, кредитни картички или имплантирани медицински помагала. Ако имате имплантирано медицинско помагало, советувајте се со лекарот пред да го користите уредот Не употребувајте оштетени електрични приклучоци, продолжни кабли или лабави приклучоци Небезбеден приклучок може да предизвика електричен шок или пожар. Не допирајте ги уредот, полначот, каблите, приклучоците или штекерите со влажни раце или други влажни делови од телото Во спротивно може да настане електричен шок. Не влечете го прекумерно кабелот за напојување кога го исклучувате Во спротивно може да настане електричен шок или пожар. Не превиткувајте го и не оштетувајте го приклучниот кабел Во спротивно може да настане електричен шок или пожар. Не допирајте го уредот со влажни раце додека уредот се полни Во спротивно може да настане електричен шок. Не поврзувајте ги директно позитивниот и негативниот пол на полначот Тоа може да предизвика сериозна повреда.
Страница: 2
Македонски 363 Не користете го Вашиот уред надвор за време на грмотевици Во спротивно може да дојде до електричен шок или неправилно функционирање на уредот. Користете полначи, додатоци и прибор одобрени од производителот • Користењето генерички полнач може да го скрати работниот век на Вашиот уред или да предизвика негово неправилно функционирање. Тоа, исто така, може да предизвика пожар или да предизвика експлодирање на батеријата. • Користете само батерија, полнач и кабел одобрен од Samsung и специфично дизајнирани за Вашиот уред. Некомпатибилна батерија, полнач и кабел може да предизвикаат сериозни повреди или оштетување на Вашиот уред. • Samsung не може да биде одговорен за безбедноста на корисникот кога употребува додатоци или делови коишто не се одобрени од Samsung. Не носете го уредот во задните џебови или околу половината • Уредот може да се оштети, да експлодира или да предизвика пожар доколку врз него се прави голем притисок. • Ако се удрите во нешто или паднете, може да се повредите. Не испуштајте го и не предизвикувајте прекумерни удари на уредот • Тоа може да го оштети Вашиот уред или батеријата, предизвикувајќи неисправност на уредот или пократок рок на траење. • Исто така, тоа може да предизвика уредот да се презагрее, да се запали, да изгори или други опасности. Внимателно ракување и фрлање на уредот и полначот во отпад • Никогаш не фрлајте ги батеријата или уредот во оган. Никогаш не поставувајте ги батеријата или уредот на или во загреани уреди, како што се микробранови печки, рерни или радијатори. Уредот може да експлодира доколку се загрее прекумерно. Следете ги сите локални регулативи кога фрлате во отпад употребена батерија или уред. • Никогаш не удирајте го и не дупчете го уредот. • Избегнете изложување на уредот на висок надворешен притисок што може да доведе до внатрешен краток спој и презагревање. Заштитете ги уредот, батеријата и полначот од оштетување • Избегнете изложување на Вашиот уред и батерија на многу ниски или многу високи температури. • Екстремните температури може да го оштетат уредот и да го намалат капацитетот на полнење и работниот век на Вашиот уред и батерија. • Никогаш не користете оштетен полнач или батерија. • Не користете кабел чиј надворешен слој е истрошен или оштетен, и не користете полнач или батерија што се оштетени или што не функционираат правилно. • Не вклучувајте го и не употребувајте го уредот кога капакот на батеријата е отворен.
Страница: 3
Македонски 364 Не чувајте го уредот во близина или во грејачи, микробранови печки, опрема за готвење или контејнери со висок притисок • Батеријата може да истече. • Уредот може да се прегрее и да предизвика пожар. Не чувајте го и не складирајте го Вашиот уред во области со високи концентрации на прашина или други материи присутни во воздухот Прашината или надворешните материи може да предизвикаат неправилно функционирање на Вашиот уред и тоа може да резултира со пожар или електричен шок. Спречете повеќенаменскиот приклучок и малиот крај на полначот да дојдат во контакт со проводливи материјали, како што се: течности, прав, метален прав и графит. Не допирајте го повеќенаменскиот приклучок со остри алати и не предизвикувајте удари врз повеќенаменскиот приклучок Проводливите материјали може да предизвикаат краток спој или корозија на терминалите, што може да резултира со експлозија или пожар. Кога користите безжичен полнач, меѓу уредот и безжичниот полнач не ставајте туѓи тела, како на пример: метални предмети, магнети и картички со магнетна лента Уредот може да не се полни правилно или да се презагрее. Не гризете ги и не шмукајте ги уредот или батеријата • Во спротивно може да дојде до оштетување на уредот, или до експлозија или пожар. • Децата или животните може да се задушат со ситните делови. • Ако уредот го користат деца, уверете се дека правилно го користат. Не ставајте го уредот или испорачаниот дополнителен прибор во очите, ушите или устата Во тој случај може да дојде до гушење или сериозни повреди. Не употребувајте оштетена или Литиум-јонска (Li-Ion) батерија што истекува За безбедно фрлање во отпад на Вашата литиум-јонска батерија, контактирајте го Вашиот најблизок овластен сервисен центар.
Страница: 4
Македонски 365 Внимание Доколку не се придржувате до безбедносните предупредувања и прописи, може да настанат повреди или оштетување на имотот Не користете го уредот во близина на други електронски уреди Повеќето електронски уреди користат радио-фреквентни сигнали. Вашиот уред може да предизвика пречки во работата на другите електронски уреди. Не користете го уредот во болница, во авион, или во автомобилска опрема затоа што може да предизвика пречки во нивната радиофреквенција • Ако е можно, избегнувајте користење на Вашиот уред во близина од 15 см до пејсмејкер, затоа што уредот може да предизвика пречки во работата на пејсмејкерот. • За да ги доведете до минимум пречките со пејсмејкер, користете го Вашиот уред само на спротивната страна на Вашето тело од пејсмејкерот. • Доколку користите медицинска опрема, контактирајте го производителот на опремата пред да го користите уредот за одредување дали опремата ќе биде под влијание на радиофреквенцијата емитувана од уредот. • Во авион, користењето електронски уреди може да создаде пречки во електронските навигациски инструменти на авионот. Следете ги правилата дадени од авиокомпанијата и упатствата од персоналот на авионот. Во случаи кога е дозволено да го користите уредот, користете го секогаш во авионски режим. • Електронските уреди во Вашиот автомобил може да работат неправилно заради радиопречки од Вашиот уред. Контактирајте го производителот за повеќе информации. Не изложувајте го уредот на густ чад или пареа Во спротивно може да дојде до оштетување на надворешноста на уредот или негово неправилно функционирање. Ако користите помагало за слух, контактирајте го производителот за инфорамции околу радиопречки Радиофреквенцијата емитувана од Вашиот уред може да создава пречки на одредени помагала за слух. Пред користење на уредот, контактирајте го производителот за да утврдите дали Вашето помагало за слух ќе биде попречено од радиофреквенциите емитувани од уредот. Не користете го Вашиот уред во близина на апарати што емитуваат радиофреквенции, како што се звучни системи или радиокули Радиофреквенциите може да предизвикаат Вашиот уред да функционира неправилно.
Страница: 5
Македонски 366 Исклучете го уредот во потенцијално експлозивни опкружувања • Во потенцијално експлозивните опкружувања секогаш придржувајте се кон прописите, упатствата и знаците. • Не користете го уредот на места каде што се полни гориво (бензиски станици), во близина на горива или хемикалии, или во области каде што се врши рушење со експлозиви. • Не чувајте и не пренесувајте запаливи течности, гасови или експлозивни материјали во истиот простор каде што се наоѓа уредот, неговите делови или дополнителниот прибор. Ако некој дел од уредот се скрши, чади или мириса како запален, веднаш престанете да го користите уредот. Користете го уредот само откако бил поправен во сервисен центар на Samsung • Скршено стакло или акрил може да ги повреди Вашите раце и лице. • Кога уредот чади или мириса како запален, тоа може да има како последица експлозија на батеријата или пожар. Придржувајте се кон сите безбедносни предупредувања и прописи коишто се однесуваат на употребата на Вашиот уред додека возите Додека возите, Вашата прва одговорност е безбедното управување со возилото. Никогаш не користете го Вашиот уред додека возите, ако тоа е забрането со закон. За Вашата безбедност и безбедноста на другите, користете го Вашиот здрав разум и запомнете ги следниве совети: • Осигурете се дека имате пристап до Вашиот безжичен уред без да го оттргнете погледот од патот. Ако примате дојдовен повик во незгодно време, оставете да одговори говорната пошта наместо Вас. • Откажете ги повиците во густ сообраќај или во опасни временски услови. Дожд, лапавица, снег, мраз и густ сообраќај може да бидат опасни. • Не пишувајте белешки и не барајте телефонски броеви. Пишување на листата со задачи или листањето по Вашиот адресар го одзема Вашето внимание од Вашата примарна одговорност за безбедност при возењето. • Бирајте внимателно и пристапете во сообраќајот. Повикувајте кога не сте во движење или пред да се вклучите во сообраќајот. Обидете се да ги планирате Вашите повици кога не сте во движење. • Не вклучувајте се во стресни или чувствителни разговори кои можат да го оттргнат Вашето внимание. Дајте му до знаење на лицето со кое разговарате дека возите во моментот и прекинете ги сите разговори кои можат да Ви го одземат вниманието од патот.
Страница: 6
Македонски 367 Правилно грижете се и користете го Вашиот уред Уредот мора секогаш да биде сув • Влажноста и течностите може да ги оштетат деловите или електричните кола на Вашиот уред. • Во овој уред се вградени индикатори за течност. Оштетувањата на Вашиот уред предизвикани од вода може да ја поништат гаранцијата на производителот. Чувајте го Вашиот уред само на рамни површини Ако Вашиот уред падне, може да се оштети. Уредот може да се употребува на места со амбиентална температура од 0 °C до 35 °C. Можете да го складирате уредот на амбиентална температура од -20 °C до 50 °C. Користењето или складирањето вон препорачаните опсези на температура може да предизвикаат оштетување на уредот или да го намалат животниот век на батеријата • Не чувајте го Вашиот уред во многу топли простории како на пример во автомобил летно време. Во спротивно може да дојде до неправилно функционирање на екранот, оштетување на уредот или експлодирање на батеријата. • Не изложувајте го уредот на директна сончева светлина подолго време (на пример, на контролната табла во автомобилот). Не чувајте го Вашиот уред заедно со метални предмети, како монети, клучеви и накит • Вашиот уред може да се изгребе или да не функционира правилно. • Доколку контактите на батеријата дојдат во допир со метални предмети, може да настане пожар. Не чувајте го Вашиот уред во близина на магнетни полиња • Вашиот уред може да се оштети или батеријата може да се испразни од изложувањето на магнетни полиња. • Магнетните картички, вклучувајќи ги кредитните картички, телефонските картички, штедните книшки и картичките за интернат можат да бидат оштетени од магнетните полиња. Избегнувајте контакт со уредот кога се презагреал. Во спротивно, тоа може да предизивка изгореници од ниска температура, црвенило и пигментација на кожата • Внимавајте на презагревање на уредот кога го користите подолго време и избегнувајте долготраен контакт со кожата. • Не седете на уредот и не ставајте го во директен контакт со кожата подолго време кога се полни или кога е поврзан со извор на напојување. • Толеранцијата на високи температури е различна кај секого. Ве молиме, бидете особено внимателни кога го користат деца, постари лица или лица со посебни потреби.
Страница: 7
Македонски 368 Ракувајте внимателно кога сте изложени на трепкачки светла • Додека го користите уредот, оставете некои од светлата во собата вклучени и не држете го екранот премногу блиску до Вашите очи. • Може да дојде до напади или бессознание кога сте изложени на трепкачки светла додека гледате видео или играте флеш-игри подолг период. Ако се чувствувате непријатно, престанете со користење на уредот веднаш. • Ако некој Ваш близок почувствувал напади или несвестици додека користел сличен уред, консултирајте лекар пред користење на уредот. • Ако чувствувате непријатности, како на пример грчеви во мускулите или дезориентираност, веднаш запрете со користење на уредот и консултирајте лекар. • За да спречите напрегнување на очите, правете чести паузи додека го користите уредот. Намалете го ризикот од повреди поради повторувачки движења Кога повторувате одредени движења, на пример, притискање копчиња, цртање знаци на екран чувствителен на допир со прстите или играње игри, може да почувствувате повремена непријатност во Вашите раце, врат, рамена или други делови од Вашето тело. Кога го користите Вашиот уред подолги периоди, држете го уредот релаксирано, притискајте лесно на копчињата и правете повремени паузи. Ако и натаму имате непријатности при или по користењето, престанете со употребата на уредот и консултирајте се со лекар. Заштитете ги Вашиот слух и уши кога користите слушалки • Слушањето со висока јачина на тонот може да му наштети на Вашиот слух. • Слушањето со висока јачина на тонот може да го оттргне Вашето внимание и да предизвика несреќа. •  Секогаш намалувајте ја јачината на тонот пред да ги поврзете слушалките со извор на звук и користете го само нагодувањето за јачина на минимум, неопходно да го слушате Вашиот разговор или музика. • Може да се јави инфекција на ушите ако малите ушни слушалки дојдат во контакт со туѓи тела и ги носите долго време. Одржувајте ги Вашите мали ушни слушалки чисти и суви. • Во суви средини, може да се појави статички електрицитет во слушалките. Избегнувајте користење слушалки во суви средини или допрете метален предмет за да го испразните статичкиот електрицитет пред да ги приклучите слушалките во уредот. • Не користете слушалки додека возите. Во спротивно може да дојде до одвлекување на Вашето внимание и да доведе до несреќа, или може да биде незаконски во зависност од Вашиот регион. Бидете внимателни кога го користите уредот при пешачење или кога сте во движење Секогаш бидете свесни за Вашето опкружување за да избегнете повреди на себе и на другите. Бидете внимателни кога го отстранувате уредот од себе • За прецизно мерење, мора да го носите уредот така што ќе одговара на Вашиот зглоб. Откако ќе измерите, разлабавете го ремчето и дозволете воздухот да дојде во допира со кожата. Се препорачува да го носите уредот да не е премногу лабав или премногу прилепен, и да се чувствувате удобно во нормални услови.
Страница: 8
Македонски 369 • Кога го носите уредот подолго време или правите вежби со висок интензитет додека го носите, може да настане иритација на кожата поради некои одредени фактори, како што се триење, притисок или влага. Ако го носите Вашиот уред подолго време, отстранете го од Вашиот зглоб за некое време, за да ја одржите Вашата кожа здрава и да му дозволите на Вашиот зглоб да се одмори. • Ако го прицврстите уредот премногу силно, може да дојде до воспаление на кожата, а ако го прицврстите премногу лабаво, може да се јави триење. • Чувајте го уредот сув и чист за да избегнете воспаление на кожата. • Уредот се придржува до меѓународните безбедносни стандарди, но преземете ги сите неопходните мерки на претпазливост ако Вашата кожа е преосетлива или имате алергија на било какви материјали. Не бојте го уредот и не ставајте лепенки врз него • Бојата и лепенките можат да ги заглават подвижните делови и да го спречат правилното работење. • Ако сте алергични на боја или метални делови од уредот, може да почувствувате чешање, егзема или натекување на кожата. Ако дојде до тоа, престанете со употреба на уредот и консултирајте се со Вашиот лекар. Инсталирајте го мобилниот уред и опремата со внимание • Проверете дали сите мобилни уреди или соодветната опрема инсталирана во Вашето возило се безбедно вградени. • Избегнувајте да го поставувате уредот и дополнителната опрема во близина на или во делот за воздушното перниче. Неправилно инсталираната безжична опрема може да предизвика сериозни повреди кога воздушните перничиња ќе се напумпаат нагло. Не испуштајте го уредот и не предизвикувајте удари на уредот • Вашиот уред може да се оштети или да не функционира правилно. • Ако е искривен или деформиран, Вашиот уред може да биде оштетен и некои делови може да не функционираат. Осигурете максимален век на траење на батеријата и полначот • По извесно време, уредот што не се користи ќе ја испразни батеријата и мора да се наполни пред употреба. • Исклучете го полначот од изворите на напојување кога не е во употреба. • Користете ја батеријата само за нејзината намена. • Следете ги сите инструкции во ова упатство за да осигурате најдолг работен век на Вашиот уред и батеријата. Штетите или слабите перформанси предизвикани од неправилно следење на предупредувањата и инструкциите, може да ја направи неважечка Вашата гаранција. • Вашиот уред може да се истроши со текот на времето. Некои делови и поправки се покриени со гаранцијата во период на важноста, но штетите или намалувањето на квалитетот предизвикани од користење неодобрена дополнителна опрема не се.
Страница: 9
Македонски 370 Не расклопувајте, менувајте и не поправајте го Вашиот уред • Какви било промени или изменувања може ја поништат гаранцијата на производителот. Ако Вашиот уред треба да се сервисира, однесете го во Сервисниот центар на Samsung. • Не расклопувајте и не дупчете ја батеријата затоа што тоа може да предизвика експлозија или пожар. • Не расклопувајте ја и не користете ја повторно батеријата. Додека го чистите уредот, имајте ги предвид следниве работи • Избришете го уредот или полначот со крпа или со гума. • Исчистете ги контактите на батеријата со памукче или крпа. • Не користете хемикалии или детергенти. Во спротивно може да дојде до разлевање на боите или корозија на надворешноста на уредот, или може да резултира со електричен шок или пожар. • Спречете уредот да се изложува на прав, пот, мастило, масло и хемиски производи, како на пример, козметика, антибактериски спреј, средство за чистење на раце, детергенти и инсектициди. Надворешните и внатрешните делови на уредот може да се оштетат или да не функционираат правилно. Ако Вашиот уред е изложен на било кој од претходно наведените супстанции, користете мазна, мека крпа за да го исчистите. Користете го уредот само за неговата наменета употреба Вашиот уред може да функционира неправилно. Избегнувајте да ги вознемирувате другите кога го користите уредот во јавност Дозволете само квалификувани лица да го сервисираат Вашиот уред Сервисирањето од неквалификувани лица на Вашиот уред може да предизвика оштетување, а со тоа и поништување на Вашата гаранција од производителот. Ракувајте внимателно со каблите • Кога поврзувате кабел со уредот, осигурете се дека кабелот е поврзан во правилната страна. • Поврзувањето кабел присилно или неправилно може да доведе до оштетување на повеќенаменскиот приклучок или другите делови на уредот. Обезбедете пристап до услугите за итни случаи Повиците за итни случаи од Вашиот уред можеби нема да бидат возможни во некои подрачја или околности. Пред патување во оддалечени или неразвиени подрачја, испланирајте резервен метод за контакт со персоналот задолжен за итни повици.
Страница: 10
Македонски 371 Заштитете ги Вашите лични податоци, и спречете протекување или злоупотреба на чувствителни информации • При користење на уредот, уверете се дека ќе направите резервна копија на Вашите важни податоци. Samsung не е одговорен за губењето какви било податоци. • Кога сакате да го отстраните Вашиот уред, направете резервна копија од Вашите податоци, потоа ресетирајте го Вашиот уред за да спречите погрешна употреба на Вашите лични податоци. • Внимателно прочитајте го приказот со овластувања кога преземате апликации. Особено бидете претпазливи со апликации кои имаат пристап до многу функции или до значајна количина на Вашите лични податоци. • Редовно проверувајте ги Вашите сметки за неодобрена или сомнителна употреба. Ако најдете каков било знак на злоупотреба на Вашите лични податоци, контактирајте го Вашиот оператор да ги избрише или промени Вашите податоци за сметката. • Во случај да го изгубите или да Ви биде украден уредот, променете ги лозинките на Вашите сметки за заштита на Вашите лични податоци. • Избегнувајте да користите апликации од непознати извори и заклучувајте го Вашиот уред со шара, лозинка или PIN. Не распространувајте материјали со заштитени авторски права Не распространувајте материјал со заштитени авторски права без дозвола од сопственикот на правата. Правејќи го тоа, може да ги прекршите законите за авторски права. Производителот не е одговорен за какви било правни прашања предизвикани од илегалната употреба на материјали со заштитени авторски права. Штетен софтвер и вируси За да го заштитите Вашиот уред од штетен софтвер и вируси, следете ги овие совети за користење. Во спротивно може да дојде до оштетување или загуба на податоци што може да не е покриено со гаранцијата • Не преземајте непознати апликации. • Не посетувајте недоверливи интернет-страници. • Избришете ги сомнителните пораки или пораките од е-поштата од непознати испраќачи. • Поставете лозинка и менувајте ја редовно. • Деактивирајте ги безжичните одлики, како што е Bluetooth, кога не се во употреба. • Ако уредот функционира неправилно, скенирајте го за инфекции со антивирусна програма. • Скенирајте го Вашиот уред со антивирусна програма пред да стартувате новопреземени апликации и фајлови. • Инсталирајте антивирусни програми на Вашиот компјутер и редовно скенирајте со нив за проверка од инфекции. • Немојте да го изменувате регистарот или да го модифицирате оперативниот систем на уредот.
Страница: 11
Македонски 372 Информации за SAR (Specific Absorption Rate) сертификатот За повеќе информации, посетете www.samsung.com/sar и побарајте го Вашиот уред со пребарување на неговиот број на модел. Правилно депонирање на овој производ (Отпадна електрична и електронска опрема) Ознаката на производот, опремата или литературата означува дека производот и неговите електронски додатоци (на пример, полнач, слушалки, USB-кабел) не треба да бидат отстранети со останатиот отпад од домаќинството. За избегнување можни штети врз околината или човечкото здравје предизвикани со неконтролирано фрлање отпад, Ве молиме да ги одвоите овие предмети од другите видови отпад и одговорно да ги рециклирате заради унапредување на еколошки оправдано повторно користење на материјалните ресурси. Физичките лица можат да се обратат или во продавницата каде што го купиле овој производ или во службите на локалната самоуправа, за детали каде и како да извршат рециклирање на производот на начин безбеден за околината. Деловните корисници можат да се обратат до својот снабдувач и да ги проверат одредбите и условите во договорот за набавка. Овој производ и неговиот електронски прибор не треба да се мешаат со друг комерцијален отпад. Правилно отстранување на батериите на овој производ Ознаката на батеријата, во упатството или на пакувањето, покажува дека батеријата од овој производ не треба да се отстрани заедно со останатиот отпад од домаќинството на крајот од нивниот работен век. Местата каде што се означени, хемиските симболи Hg, Cd или Pb означуваат дека батеријата содржи жива, кадмиум или олово над препорачаното ниво во Директивата 2006/66/EC.
Страница: 12
Македонски 373 Изјава за одрекување Некои содржини и услуги достапни преку овој уред се во сопственост на трети страни и се заштитени со законите за авторски права, патенти, трговски марки и/или други закони за интелектуалната сопственост. Таквата содржина и услуги се овозможени само за Ваша лична некомерцијална употреба. Не смеете да користите какви било содржини или услуги на начин кој не е одобрен од сопственикот на содржината или давателот на услугата. Без ограничување на претходното, доколку немате изречно овластување од соодветниот сопственик на содржината или давателот на услугата, не смеете да изменувате, копирате, повторно објавувате, префрлувате, поставувате, пренесувате, преведувате, продавате, создавате изведени дела, искористувате или дистрибуирате на кој било начин или медиум какви било содржини или услуги прикажани со помош на овој уред. “СОДРЖИНИТЕ И УСЛУГИТЕ НА ТРЕТИ СТРАНИ СЕ ОБЕЗБЕДУВААТ “КАКО ШТО СЕ.” SAMSUNG НЕ ДАВА ГАРАНЦИЈА, ИЗРЕЧНА ИЛИ ИМПЛИЦИРАНА, ЗА СОДРЖИНИ ИЛИ УСЛУГИ ОБЕЗБЕДЕНИ НА ОВОЈ НАЧИН, ЗА КОЈА БИЛО НАМЕНА. SAMSUNG ОДБИВА КАКВИ БИЛО ИМПЛИЦИРАНИ ГАРАНЦИИ, ВКЛУЧУВАЈЌИ, БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊЕ, ГАРАНЦИИ ВО ОДНОС НА ТРГОВСКА ПОДОБНОСТ ИЛИ ПОГОДНОСТ ЗА ОДРЕДЕНА НАМЕНА. SAMSUNG НЕ ГАРАНТИРА ЗА ТОЧНОСТ, ВАЛИДНОСТ, НАВРЕМЕНОСТ, ЗАКОНИТОСТ ИЛИ ЦЕЛОКУПНОСТ НА КОЈА БИЛО СОДРЖИНА ИЛИ УСЛУГА ДОСТАПНА ПРЕКУ ОВОЈ УРЕД И ВО НИТУ ЕДЕН СЛУЧАЈ, ВКЛУЧУВАЈЌИ И СЛУЧАЈ НА НЕБРЕЖНОСТ, SAMSUNG НЕМА ДА БИДЕ ОДГОВОРЕН, ВРЗ ОСНОВА НА ДОГОВОР ИЛИ ПРЕКРШОК, ЗА КОЈА БИЛО ДИРЕКТНА, ИНДИРЕКТНА, ИНЦИДЕНТНА, ПОСЕБНА ИЛИ ПРОСЛЕДЕНА ШТЕТА, АДВОКАТСКИ ХОНОРАРИ, ТРОШОЦИ ИЛИ КАКВА БИЛО ШТЕТА ПРЕДИЗВИКАНА ОД ИЛИ ВО ВРСКА СО КАКВИ БИЛО СОДРЖАНИ ИНФОРМАЦИИ ИЛИ КАКО РЕЗУЛТАТ НА КОРИСТЕЊЕ НА КАКВА БИЛО СОДРЖИНА ИЛИ УСЛУГА ОД ВАША СТРАНА ИЛИ ОД СТРАНА НА ТРЕТИ ЛИЦА, ДУРИ И КОГА ПОСТОЕЛО СОЗНАНИЕ ЗА МОЖНОСТА НА ТАКВИТЕ ШТЕТИ.” Услугите на трети страни можат да бидат укинати или прекинати во кое било време и Samsung не дава никакви изјави или гаранции дека каква било содржина или услуга ќе биде достапна во кој било временски период. Содржините и услугите се пренесуваат од трети страни преку мрежи и уреди за пренос врз кои Samsung нема никаква контрола. Без ограничување на општите напомени на оваа изјава за одрекување, Samsung изречно одрекува каква било одговорност за прекин или суспензија на која било содржина или услуга достапна преку овој уред. Samsung не е одговорен за услугата за корисниците во врска со овие содржини и услуги. Сите прашања или барања во врска со услугата поврзана со овие содржини или услуги треба директно да се испратат до соодветните даватели на содржини и услуги.
Марка:
Samsung
Производ:
Паметен часовник
Модел / име:
Galaxy Watch 4
Вид на документ:
PDF
Достапни јазици:
Шпански, Португалски, Кинески, Хрватски, Арапски, Бугар, Хинди